Издадени потврди за азил на 5.255 странски државјани

Од:

Во текот на вчерашниот ден се издадени потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 5.255 странски државјани.

Од нив 2.407 се од машки пол, 1.371 се од женски, 1.432 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 45 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-3.070, Ирак-1.280, Авганистан–905.

Во периодот од 19 јуни до вчера до полноќ, се издадени потврди на вкупно 330.798 странски државјани, од кои, 185.406 се од машки пол, 53.700 се од женски, 73.864 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 17.828 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 191.431 потоа на Авганистан – 79.968, Ирак – 37.958, Иран – 6.231, Пакистан – 5.416, Палестина – 2.158, Сомалија – 1.276, Бангладеш – 1.253, Мароко – 1.317, Конго – 514, Алжир – 453, Либан – 434, Нигерија – 279, додека останатите се во помал број.

Вчера до Секторот за азил не е поднесено барање за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил се поднесени 83 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан и Ирак , по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина и Алжир (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска