Експертите во ДИК се уште камен на сопнување

Од:

Она што најмалку се очекуваше, отвори проблем. Партиите не можат да се усогласат околу имињата на тројцата експерти. Меѓународниот фактор инсистира на договор и функционирање на ДИК во нов состав

Евроамбасадорот Аиво Орав предупреди дека сите рокови од договорот од Пржино се пробиени, а Белгискиот олеснувач смета дека решение за избор на експерти за ДИК е можен.

Партиите на сите 40-тина аспиранти за 3-те места гарантирани за експерти во ДИК им најдоа забелешки, но според најавите кругот е стеснет на десетина.

Се споменуваат имињата на универзитетскиот професор Стефан Буџаковски, адвокатот Билјана Георгиева, новинарот Горан Трпеновски, раководителот на собраниски служби Реџеп Прекопуца, Фатон Бејта и Феми Стафа, а тука е и Заге Филиповски, долгогодишен експерт за изборни прашања на ОБСЕ.

Рокот е одамна пробиен, а според Законот доколку политичките партии не постигнат согласност, собраниската Комисија за избори и именувања треба да ги предложи тројцата кандидати за експерти во ДИК.

Партиските кандидати веќе се извесни .Кандидати, на ВМРО-ДПМНЕ се Силвана Бонева и Сашо Срцев, на СДСМ Виолета Дума и Игор Милев, на ДУИ Субхи Јакупи и на ДПА Бедредин Ибраими.

Комисијата според договорот во Пржино ќе има зголемени ингеренции, но ќе одлучува и за секое вето на дополнителните заменици министри.

Би можело да ве интересира

ДИК: Доставени се вкупно 69 иницијативи за предлагање на листи за градоначалници на општините и градоначалник на Град Скопје

ДИК го намали бројот на советници во албанските општини, обвинува ДУИ

Почнува дваесетдневниот увид во Избирачкиот список за локалните избори

Горан Наумовски

ДИК не го донесе упатството за пополнување на образец на листи за кандидати за членови на совети на општини и на Градот Скопје

На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори, одлучи ДИК

Заврши рокот за пријавување на печатените и електронските медиуми за платено политичко рекламирање за учесниците во изборната кампања