Во последните десет години во Индонезија се отворени над шест милиони нови компании, со што бројот на претпријатијата во оваа 256-милионска земја се зголемил на 27 милиони активни фирми.
Во структурата на стопанството најбројни се преработувачки капацитети, кои учествуваат со 44 отсто, а невообичаено е голем и бројот на таканаречените консултантски фирми и бироа за сметководство, кои ги има над еден милион.
Новите власти, предводени од претседателот Јоко Видодо, сметаат дека за пет години ќе се измени структурата на компаниите кои го создаваат бруто домашниот производ, сега вреден 1.120 милијарди долари. До вредноста на БДП од над 2.000 милијарди, Индонезија во 2021 година ќе дојде со големи инвестиции во енергетиката, поморскиот сообраќај и инфраструктурата, кои ќе бидат во висина од 440 милијарди долари.
Властите во Индонезија усвоија неколку пакети економски мерки, досега главно насочени за привлекување на странски директни инвестиции. Тоа не е и во интерес на домашните компании, за кои каматната стапка на кредити за нови инвестиции од девет отсто е превисока.
Индонезиската Стопанска комора побара Вадата драстично да ги намали каматите.