Четириесет Роми ќе го дооформат средното образование

Од:

Преку проектот „Роми, дипломирајте и имајте подобар живот“, новата генерација вонредни ученици Роми почна со настава во делчевската гимназија. Со проектот се опфатени 40 Роми на возраст од 19 до 45 години од општините Делчево, Берово, Пехчево и Виница, кои го немаат дооформено средното образование.

Ермина Реџепова од НВО „Тернипе МК“ која е и координатор на проектот, истакна дека тој се имплементира трет пат.

– Во моментов имаме 40 ученици од регионот. Во Берово учениците имаат положени шест испити, додека во Делчево наставата почнува од денеска. Во Виница ќе стартуваме во текот на овој месец, рече Реџепова.

Интересот кај Ромите да го заокружат образованието е голем бидејќи, како што рече, ефектот од претходните два циклуса се мерат со лични успеси на дипломираните Роми.

– Веќе завршените ученици си зедоа дипломи, некои продолжија на факултети, некои ги унапредија на своите работни места, а половината се вработија во државната администрација, додаде Реџепова.

Во првите два циклуси дипломирале 136 Роми. Проектот се спроведува од 2009 година. Финансиската поддршка е на Ромскиот едукативен фонд од Будимпешта во соработка со средните училишта и четирите општини од регионот.

Би можело да ве интересира

Ромите за Демократија: Членови на СДСМ им се закануваа на Ромите набљудувачи

A1on

Меѓународниот ден на Ромите, 8 април неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска

Пресуда на европскиот суд против Македонија за сегрегација на ученици Роми

Ана Ололовска

„Вторник само за Роми“ – Базен во Шуто Оризари со натпис дискриминирал врз основа на етничка припадност и боја на кожа

A1on

Приоритети на Стратегијата за Роми 2022–2030 се долгорочното унапредување на социјалната кохезија и економскиот статус на Ромите

А1он

Меѓународниот ден на Ромите – 8 април, неработен за припадниците на ромската заедница

Ана Ололовска