Претежно облачно со умерен северен ветер

Од:

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер кој во наредните два дена ќе придонесе да нема појава на магла по котлините. Во вечерните часови, особено во западните делови повремено ќе има провејување на снег.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од три до девет степени.

Во Скопје времето ќе биде претежно облачно со умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а максималната ќе се искачи до пет степени.

Во петок времето ќе биде облачно, но во попладневните часови облачноста ќе се намалува, а ќе дува умерен северен ветер. Температурата на воздухот ќе се движи од три до девет степени.

За време на викендот ќе преовладува сончево и малку потопло време со мала до умерена локална облачност.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски