Загадувањето убива, за трипати зголемени повиците во Брза помош

Од:

Телефоните во Брза помош не престануваат да ѕвонат, за три пати е зголемен бројот на повици за помош. Загадувањето кое според статистиката на Светската здравствена организација ја рангира Македонија на екстремно високото петто место по смртност, се одразува и на хронично болните но и луѓето кои досега немале проблеми.

Надлежните се беспомошни, не преземаат никакви мерки, а згора на тоа загадувањето го искористија за политички цели. Додека Македонија и Скопје се гушат, се чека решение “од небо“ и се наидува на аматерски и несериозен однос кон овој проблем.

12348400_466657173518617_1620506410_n

Официјалните статистики на Министерството за животна средина покажуваат дека најголемо загадување има во попладневните часови, кога загадувањето достигнува над 100 микрограми на метар кубен воздух, а изминатата ноќ во скопската населба Лисиче, тоа изнесувало над 500 микрограми ПМ 10 честички, што е десет пати над дозволеното.

Според Институтот за јавно здравје, во Македонија како последица од аерозагадувањето годишно умираат 1.050 до 1.060 луѓе, а околу 30 до 40 отсто има зголемување на заболувањата пред се на белодробниот и на кардиоваскуларниот систем во текот на овој зимски период.

Додека статистиките покажуваат панично висок степен на загадување, од Министерството за образование и наука велат дека чекаат владата да препорача предвремен распуст за учениците, па потоа да одлучува за тоа дали загадувањето е доволно високо за носење на таква одлука. Информации побаравме во владата и од министерот за образование и наука, но од таму нема одговор.

Иако за поопасни се сметаат и ПМ 2.5 честичките, на официјалната страна за загадувањето за речиси сите градови во Македонија пишува дека овие честички не се мерат.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите

ОЈО Скопје нареди вонредни инспекциски надзори над загадувачите на воздухот во главниот град

Во Струмица се одржа протестен марш против енормното загадување

(ВИДЕО) Шукова: Не може граѓаните да се гушат, нивното здравје да биде под ризик, а ДПМНЕ да спие како власт

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да мислеа повеќе на животната средина наместо да крадат кај ќе стигнат, ќе направеа нешто