Русија распореди подморница со крстосувачки ракети крај брегот на Сирија

Од:

Русија распореди подморница со крстосувачки ракети во источниот дел на Средоземното Море во близина на сириското крајбрежје, пренесе БТА.

Иако нема официјална потврда од Кремљ, руски медиуми, повикувајќи се на извори од Министерството за одбрана, наведуваат дека се работи за подморница под името „Ростов на Дон“.

Подморницата е опремена со модерни крстосувачки ракети од типот Калибр, кои во себе имаат боева глава тешка 450 килограми.

Во средината на минатиот месец се појавија извештаи дека подморницата учествувала во нападите на упоришта на Исламска држава во Сирија, во градот Рака.

Би можело да ве интересира

ЕУ увезува руска нафта преку турските пристаништа

ЕУ: Русија да ги заборави замрзнатите средства и по укинувањето на санкциите

Седум лица загинаа, а осум се повредени во пожар во московскиот регион

ФСБ уапси две лица кои подготвувале терористички напад во Русија

Горан Наумовски

Под обвинение за примање мито уапсен e генерал на руската армија

Рјабков: Тврдењата на Пентагон за руско лансирање антисателитско оружје се лажни