Заев: Очекуваме да се постигне договор за отворените прашања, за ДИК, за медиумите…

Од:

Претседателот на СДСМ, Зоран Заев денеска се сретна со претседателката на Комисијата за надворешни работи, одбрана и безбедност на норвешкиот Стортинг, Аникен Хуитфелд, која е во работна посета на Република Македонија.

На состанокот се зборуваше за актуелната состојба во земјава и за меѓусебната соработка помеѓу Норвешка и Македонија.

IMG_4829

Претседателот Заев рече дека само целосно спроведување на Договорот од 2-ри јуни/15 јули, во што побрз временски рок, може да создаде минимум услови за нормализација на државата и спроведуавње на слободни, фер и демократски избори.

„Секој аспект од договорот има свое суштинско значење, директно или индиректно поврзано со изборите. Продолжуваме во борбата да се исполни секој важен критериум од Договорот затоа без кој било критериум нема фер и регуларни демократски избори. Очекуваме да се постигне договор за отворените прашања, за ДИК, за медиумите… Да може до крајот на оваа година да го видиме видливиот ефект и да не се случи да бидат доведени во прашање регуларноста и демократскиот начин на организирање на изборите“, рече Заев.

IMG_4838

На средбата се разменија и мислења за соработката помеѓу Македонија и Норвешка, особено во делот на интеграцијата на земјава во НАТО алијансата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар

СДСМ: Јасно е дека кривичната против Јани Макрадули е по нарачка

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

„Платформа 12:05″: Изборите во Брвеница потврдија дека Филипче одработува за власта

Катерина Ѓуровски