Во котлините магла, на повисоките места сонце, најладно во Берово

Од:

Утрово во долините и котлините има појава на магла и ниска облачност. Кон повисоките места е сончево со слаб претежно северен ветер. Магла има долж Повардарието, во долниот тек на Брегалница, во Пелагонија, и во pреспанскиот регион.

Управата за хидрометеоролошки работи соопшти дека најниска температура од – 6 степени е измерена во Берово, -5 во Крива Паланка, -2 Маврово, Тетово, Прилеп, Виница, -1 Гевгелија, Битола, нула во Куманово, Лазарополе, Претор, температура од 1 степен во Скопје, 2 Кавадарци, Охрид, Штип, 3 Демир Капија, Струмица, 4 Дојран и 6 Крушево.

Во  текот на следнава работната недела, според Управата за хидрометеоролошки работи, ќе се задржи стабилно и суво со релативно високи днвни температури на воздухот. Во утринските и претпладневните часови во котлините и речните долини, особено во централните делови ќе има ниска облачност и појава на  магла и таму преку денот температурата нема многу да се покачува. Кон крајот на работнава недела ќе следи спуштање на температурите но и понатаму ќе се задржи стабилно и суво.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски