А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Издадени 3.673 потврди на странски државјани во изминатите 24 часа

by А1он05/12/2015 - 11:29129
Share0

Скопје, 5 декември 2015 (МИА) – Во изминатите 24 часа издадени се 3.673 потврди на странски државјани, од кои 1.741 се од машки пол, 725 од женски, 911 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште 296 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Добивај вести на вибер

МВР соопшти дека најбројни биле државјаните на Сирија – 1.570, Ирак – 1.174 и Авганистан–929.

Во периодот од 19 јуни до ноќеска издадени се потврди на вкупно 304.759 странски државјани, од кои, 174.275 се од машки пол, 48.184 се од женски, 65.940 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 16.360 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-179.064, потоа Авганистан-73.867, Ирак-30.390, Иран-6.231, Пакистан-5.416, Палестина-2.158, Сомалија-1.276, Бангладеш-1.253, Мароко-1.314, Конго-514, Алжир-453, Либан-434, Нигерија-279, додека останатите се во помал број.

До секторот за азил во периодот од 00:00 до 24:00 часот ноќеска не биле поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Од започнувањето на издавањето на потврдите до вчера до Секторот за азил биле поднесени 82 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 55 барања се од државјани на Сирија, со нив се и 23 деца кои го придружуваат родителот, потоа 13 барања од државјани на Авганистан со нив се и 14 деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири се деца кои го придружуваат родителот) и едно барање од државјанин на Египет.

azil

Би можело да ве интересира

Во Македонија регистрирани 201 Украинец, азил побарала само мајка со три малолетни деца, но се премислила

Маја Илиевска-Пачемска31/05/2022 - 14:4331/05/2022 - 14:44

ВИДЕО: Од 297 барања за азил, само на две лица им е признат статусот

Ана Василевска26/06/2019 - 13:5426/06/2019 - 14:05

Значаен пад на барањата за азил од Северна Македонија во ЕУ во март

Ана Ололовска14/05/2019 - 11:19

Зголемување на бројот на барања за азил од Македонија во ЕУ

Ана Ололовска12/03/2019 - 11:4312/03/2019 - 11:43

Молк во ЕПП за азилот на Груевски во Унгарија

Наум Локоски13/12/2018 - 17:13

Влада на РМ: Осудениот Груевски ќе ја отслужи казната во Република Македонија

Наум Локоски20/11/2018 - 16:4420/11/2018 - 16:55
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен