Анкетa: Тодоровиќ, министри, Горан Трајковски контра Жерновски?

Од:

Повеќе револтирани граѓани од општина Центар, се јавија во А1он, за да реагираат на, како што велат, секојдневните вознемирувања од агенцијата, чии луѓе велат дека се од „Про Рисрч“.

Речиси секојдневно овој месец, телефонски се правени анкети за кого би гласале за градоначалник. Но она што ги зачудува и револтира е што повеќе кандидати се ставани на анкети наспроти кандидатот на опозицијата.

Па така прашањето гласи: Дали сте за Владимир Тодоровиќ за градоначалник на Центар или за Андреј Жерновски?

Потоа следуваат другите опции се со цел да се види кој би имал подобра позиција за градоначалничката битка и соочување со Жерновски.

На прашалниците се појавиле 15-тина имиња, а граѓаните познаваат само неколку звучни, меѓу нив, поранешната и актуелната министерка за култура, Ганка Самоилова Цветановска, Елизабета Канчевска Милевска, министерот за транспорт Миле Јанакиевски, поранешниот директор на Државната лотарија и Зоолошката градина Дане Кузмановска, но на анкета биле ставени и првиот човек на УЈП , Горан Трајковки и Јагнула Куновска.

Во сите независни анкети, предност се дава на кандидатот на опозицијата Жерновски.

Во Центар и на претходните парламентарни избори, предноста на опозицијата беше 3.000 гласови, без оние на ЛДП. ВМРО-НП, ОМ и Достоинство, кои сега заеднички настапуваат.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Мицкоски: На следните избори „мекотелните политичари“ ќе заминат во историјата

Вучиќ ги соопшти резултатите од локалните избори: Тоа е тоа 10:0

Горан Наумовски

Социјалистот Емануел Грегоар е новиот градоначалник на Париз

Јанша не е среќен по поразот на словенечките избори

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Жерновски: Портпаролката на Владата, Митева потврди дека Мицкоски управува со судовите

Предвремени парламентарни избори во Јапонија – дали снегот може да ги расипе очекувањата?