Уффф…ама недела!!!

Од:

Фин гостин, уште пофини домаќини. Учтиви и дипломатски изјави, како што е ред кога ти доаѓа ваков гостин. И прашањата од новинарите од фини пофини. Додуша владиниот гласноговорник си одбра кој смее, а кој не од новинарите да го прашува гостинот.

Е па не може сега некој да ја расипува сликата. Мартиновски си се договорил однапред. И тоа ли му е во опис и попис на работа? Или дополнително се ангажирал. Само она предваниците и кодошите нешто незадоволни. Немало Закон за декриминализација, па имало закон за медиуми. Никако на сите да им се угоди. И сите како под диригентска палка исто пренесоа.

Ама не и некакви си ситници, дека фино сме зацртале ама уште да сработиме, и дека не е само пречка спорот со името, туку и немањето капацитет на администрацијата.

Уффф…ама недела!!!

И пак некој кажа или не им се виде битно на некои дека замислете за спор или неплатени услуги кон ТАРБС,тежок 1,7 милиони евра, само за адвокати граѓаните на Македонија ќе платат речиси три пати повеќе. Е добро де, пара ли е тоа? Па нема белки пред студените Лондонски судии да се брукаме и да цепидлачиме за неколку милиончиња. Овој народ е научен да плаќа.

Уффф…ама недела!!!

Е ќе си плати и за задоволството за милионски вредната ограда. Не е шала, тоа е ограда, и замислете повторно барокот е во мода, овојпат надграден и проширен со слики и мотиви од македонското културно наследство. И како ли ова ќе го искомпонираат?? Барокот-најадекадентниот период со старт од 17. век, со македонски момичиња со плетенчиња и црвени опинчиња. Ама добро, тие си знаат што е уметност,а граѓаните очигледно не.

Некои пак како божем од шега, сами ќе направеле жива ограда. А барокот? Од каде им пари за свечени и скапи кринолини ? Е за ова сигурно, ако не за милионската штета од ТАРБС, ќе се заинтересираат нашите антикорупционери.

Уффф…ама недела!!!

Се комплетиравме, сега имаме и златни коњи и ангел, а и гол маж со неидентификуван предмет во рацете.

Некои жени-Македонки многу чувствителни па се исплашиле, не знаат кој е мажот ама потајно се восхитиле од неговите атрибути.

Уффф…ама недела!!!

И неделава се протестираше….кршеше..онака по европски…

Светот го славеше Денот на Европа, нормално и ние, ама нашиве немаа време за губење. Слушаа музика, но државничките работи не ги запоставија.

Катерина Цаневска Арсовска

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска