Зврлевски и ги предаде на Јанева сите отворени предмети од прислушуваните разговори

Од:

Основното јавно обвинителство и ги предаде на специјалната јавна обвинителка сите предмети отворени по однос на прислушуваните разговори, иако Катица Јанева побара само мал дел од нив. Од Јавното обвинителство на Марко Зврлевски велат дека новоформираното обвинителство е надлежно да постапува по нив. Но законот за специјално обвинителство предвидува доколку Јанева не покрене обвинителен акт во рок од 18 месеци по добивањето на предметот, постапката да се прекине и сомненијата да се отфрлат.

„Јавното обвинителство на Република Македонија Ве известува дека Основното јавно обвинителство Скопје, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, како и другите обвинителства денеска ги предадоа побараните предмети од страна на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.

Воедно, постапувајќи согласно одредбите на Законот за кривична постапка и Законот за Јавно обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, основните јавни обвинителства ги предадоа и останатите предмети (31) што се оформени за кривични дела поврзани и што произлегуваат од содржината на неовластеното следење на комуникациите.

Предавањето на предметите е согласно на Законот за кривична постапка, според кој за постапување по овие предмети е стварно надлежно Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите.”, стои во соопштението од ОЈО.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он