Фудбалерите на Олимпик Марсеј остварија победа на гостувањето кај Рен синоќа со 1:0 во рамките на последниот натпревар од 16. коло од француската Лига 1.
Стрелец на единствениот гол беше Реми Кабела во 21. минута. Со овој триумф Олимпик Марсеј се проби на осмото место на табелата со ист број бодови (22) како и Лориен и Рен.
Вечерва се игра и првиот дуел од 17. коло. Првакот и лидер ПСЖ гостува кај екипата на Ница.
Табела: ПСЖ 42 бода, Каен 29, Анжи 27, Олимпик Лион 26, Ница 25, Монако 25, Сент Етиен 25,…