Највисокиот вулкан во Европа, Етна, на источниот брег на островот Сицилија, денеска еруптираше и исфрли лава и голем облак од црн пепел.
Според италијанскиот Национален инстут за геофизика и вулакнологија вулканот еруптирал утрово, а лавата се издигнала над еден километар од 3.350 метри високата Етна. Запалените парчиња се издигнале на три километри над кратерот.
Тоа е една од најмоќните ерупции на Етна, кој е најактивен вулкан во светот во последните 20 години.
Вулканскиот облак се движел во североисточна насока кн градовите Лингуаглоса, Франкавиља ди Сицилија, Милаџо, Месина и Реџо Калабрија.