(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: По кои критериуми ќе се делат социјалните станови?

Од:

„Вчерашната посета на премиерот во заминување Никола Груевски во Прилеп остави многу неодговорени прашања за граѓаните од ранливите категории.

По кои и какви критериуми ќе бидат избирани добитниците на станови во социјалната зграда во Прилеп, на чие отворање вчера присуствуваше Груевски“, праша на прес конференцијата Елизабета Тодеска – Советник во Совет на Општина Прилеп.

„Дали трошоците од околу 3.500 ден за документацијата, ќе им бидат рефундирани на оние што аплицирале, затоа што овие средства значат навистина многу за лицата од социјално ранливите категории?

Манипулациите на Груевски немаат граници. Во неговиот виртуелен свет сака да ги втурне и граѓаните од најранливите категории.

Доста беа мерки кои се на ниво на милосрдие и злоупотреба на лицата со попреченост пред избори. Потребно ни е општество кое се грижи сите ние да добиеме можност да го дадеме максимумот во негова изградба.

Социјалната политика и социјалната заштита треба да обезбеди достоинствен живот за сите ранливи категории, а лицата со инвалидност треба да уживаат еднакви можности.

СДСМ и денеска, но и по промените и превземањето на власта ќе направи се на овие наши сограѓани и на нивните семејства не само да им го олесни животот, туку вистински да им биде достоинствен.

СДСМ ќе направи се јавната свест во земјава да се донесе до ниво на мобилизација на сите засегнати страни, вклучувајќи го приватниот сектор и локалните заедници.

Само така може општеството да биде отворено за сите граѓани кои имаат различни потреби. По 24-ти април, сите ние заедно, Македонија ќе ја изградиме како едно општество за сите!

Почитувани сограѓани, ОО на СДСМ од Прилеп, минатата година, токму на 3-ти Декември го започна и во континуитет го спроведува проектот за бесплатни часови по сите предмети од основно и средно образование за децата со посебни потреби и ученици од социјално загрозени семејства. Проект, кој со задоволство го продолжуваме и оваа година“, изјави Елизабета Тодеска – Советник во Совет на Општина Прилеп.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници