Јашари ќе побара нова средба со Синдикатот на вработените во правосудството

Од:

Министерот за правда Аднан Јашари за протестот на судските службеници денеска рече дека неколку пати имал средба со претставници на Синдикатот на вработените во правосудството и оти ги знае нивните барања.

– Нивна цел и нивно барање е да се измени Законот за судска служба, кој е усвоен во јануари 2014 година. За жал не постигнавме да ги усогласиме ставовите во однос на нивните барања, но како министер за правда сум отворен и најверојатно ќе побарам уште една средба за да седнеме и да ги анализираме нивните барања и да се се заземе дефинитивен став, рече Јашари, одговарајќи на новинарско прашање пред презентацијата на анализата „Унифицирање на судската пракса во Македонија: Можности наспроти предизвици“ во организација на Центарот за правни истражувања и анализи од Скопје.

Тој појасни дека за нивните барања мора да побара мислење од Владата за да се заземе дефинитивен став.

За Законот за специјално јавно обвинителство, Јашари потсети дека тој беше предложен од страна на пратеници, а не од Министерството за правда, врз основа на усогласување на сите претставници од политички партии во работни групи.

– Согласно тоа, Министерството за правда во изготвување на Законот за специјално јавно обвинителство не учествуваше, рече Јашари.

Во однос на вработените во Специјалното јавно обвинителство, како што рече, точно има закон, но предлагач на законот не може да биде Министерството за правда, туку согласно нашиот Устав, Владата или пак пратеници.

Би можело да ве интересира

Коалицијата „Сите за правично судење“ реагира на назначувањата во Академијата за судии и јавни обвинители

Панова: Успешно ли е кога довербата во правосудството е минорни два отсто?

Левица: Одговорност за бегството на Рамадани Владата да бара во сопствените редови

Хисени: Признавањето вина од Мемети и од Георгиев – горчлив доказ за понатамошното намалување на довербата на граѓаните во правосудниот систем

Во Обвинителството и судството парите од буџетот за нови вработувања ги пренаменувале за плати велат од Финасии

Судскиот совет ја отфрли Иницијативата од ДКСК за одговорност на членови од Управниот одбор на АСЈО