(ВИДЕО) Поповски: ВМРО-ДПМНЕ одолговлекува за да нема решение за медиумите

Од:

„ВМРО-ДПМНЕ не го прифати предлогот на СДСМ, медиумите, новинарите и еснафот да бидат присутни внатре на преговорите и директно да се информираат за тоа што се случува и со каква динамика се одиваат преговорите.

Ова што денеска го направи ВМРО-ДПМНЕ требаше да го направи пред три или четири недели бидејќи роковите за договор се пробиени неколку пати. На 20 ноември имаше првичен договор, па на 27-ми ноември и еве дури денеска ВМРО-ДПМНЕ покренува иницијатива за консултација со здруженијата, невладините организации, еснафот и така натаму“, изјави Роберт Поповски, дел од преговарачкиот тим на СДСМ.

„Само да ве потсетам овој процес почна со широки такви дебати. Преговарачкиот тим на СДСМ е во постојан контакт со невладините организации, еснафот и дури сега ова што се случува од една страна можеби значи дека ВМРО-ДПМНЕ се свестиле дека треба да ги слушнат и оние коишто навистина работат во медиумската индустрија, а од друга страна ми се чини дека ова е уште една тактика на одолговлекување за да нема решение за медиумите и што е можно подолго да остане оваа состојба на статус кво, а тоа значи целосна контрола на партијата на власт врз медиумите во Македонија“, рече Поповски.

За вас прифатилив е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ што го изнесоа денеска, писмено новинарските здруженија да се произнесат… 

Апсолутно.Не да е прифатилив него тоа требаше да се случи многу порано. Затоа велам ова што сега го направи ВМРО-ДПМНЕ требаше да го направат пред да почнат прегоорите. За тие да имаат созанија за што всушност станува збор во преговарачкиот процес, а не да постојано аутистично се однесуваат и да ги одолговлекуваат преговорите.

Предлогот на Ванхауте дали е прифатлив за СДСМ? 

Кој предлог?

Што го изнесе во медиумите на презентација… 

Голем дел од предлозите што се веќе изнесени ние се произнесовме апсолутно да, прифатливи се. Сето она што значи департизирање на оваа сфера, се што значи демократизирае и можност медиумите нормално да работат – тоа е прифатливо. 

На кој дел сте против? 

Сеуште нема такви моменти на ЗА или ПРОТИВ бидејќи отворено на маса се дискутира. Очекувам дека и денеска ќе продолжиме да дебатираме за многу специфики од законите коишто се предмет на расправа.

Ги спомнавте еснафските организации, сите еснафски организации ја осудија изјавата на Зоран Заев. Вие сте поранешен претседател на Здружението на новинари на Македонија, сегашниот претседател Насер Селмани жестоко реагираше. Како го коментирате тоа? 

Го забележавте соопштението и реакцијата којашто партијата ја имаше. Здружението на новинари на Македонија и еснафските здруженија апсолутно имаат право на свој став. ЗНМ е многу респектабилна институција и мислам дека секогаш кога има некакво мислење за тоа каква е состојбата на медиумите, треба тоа јавно да го каже.  Меѓутоа, излегувањето надвор од она што е предмет на анализи, на работа на една органзиација е проблематично затоа што давање политички квалификации не се во делокругот на она што треба да го прави прв човек или луѓе кои се на чело на овие организации. Притоа колку што гледам тоа е личен став а не став на организацијата, така да тоа треба организациите да си го регулираат внатре.

Вие сте поранешен новинар, без разлика што  сте сега во СДСМ кој е вашиот личен став дали воопшто треба да сенастапува со такви  изјави против медиумите… 

Гледате зошто овде преговараме. Преговараме во Клубот на пратеници заради катастрофалната состојба во којашто се наоѓаат медиумите. Таа е состојба создадена во времето на оваа власт. ВМРО-ДПМНЕ е на чело на оваа држава. Тоа што дел од медиумите дозволуваат да бидат курири на оваа власт, што слушаме дека од 12 прилози во вестите 7 се по нарачка на кабинетот на премиерот, што дозволиле да бидат политички експозитури а не медиуми, тоа е нивни проблем и затоа тоа треба да го регулираме.

Би можело да ве интересира

Битиќи: Зошто Владата ја занемарува правичноста во зголемувањето на платите?

А1он

(ВИДЕО) Раководството на СДС, е најлошиот избор составен од децата на Заев

(ВИДЕО) Николовски: ДПМНЕ со партиски членови сака контрола над прислушувањето

СДСМ: Јаловите напади на ВМРО-ДПМНЕ се доказ за нивната нервоза и страв од промените

Горан Наумовски

Филипче: Александар Димитријевиќ е нов генерален секретар, избравме луѓе кои имаат многу знаење и искуство

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Лукаревска: ВМРО-ДПМНЕ одби да се реконструира улицата „Ленинова“ во Скопје