Фудбалерите на Јувентус ја продолжи серијата на непобеденост во италијанскиот шампионат откако вечерва многу потешко од очекувањата стигна до триумф над Болоња од 2:1.
Во втората минута од судиското продолжение Погба со прецизен удар со глава, на асистенција на Џовинко ги крена на нозе сите присутни на стадионот.
Првиот гол беше дело на Кваљарела во 54. минута, а Таидер го изедначи резултатот. Сега Јувентус на 48 натпревари е без пораз во Серија А.
Интер со пресврт во второто полувреме славеше над Сампдорија со 3:2, откако гостите од Џенова по првиот дел имаа предност од 0:1. Сепак, клучен се покажа стартот на Коста врз Милито во 51. минута по кој што судијата покажа на белата точка во корист на Интер, истовремено исклучувајќи го дефанзивецот на Сампдорија.
Милито го реализираше пеналот, нешто подоцна прецизни беа и Паласио и Гуарин, пред Едер во самиот финиш да го ублажи поразот на Сампдорија.
Резултати:
Аталанта – Наполи 1:0
(Кармона 19)
Каљари – Сијена 4:2
(Нене 7, 27, Сау 29, Рибеиро 89 – Богдани 43, Калајо 90+3)
Интер – Сампдорија 3:2
(Милито 53пен, Паласио 69, Гуарин 82 – Мунари 20, Едер 90+4)
Јувентус – Болоња 2:1
(Квалјарела 54, Погба 90+2 – Таидер 71)
Лацио – Торино 1:1
(Маури 58 – Глик 11)
Парма – Рома 3:2
(Белфодил 35, Пароло 38, Закардо 66 – Ламела 8, Тоти 72)
Удинезе – Катанија 2:2
(Ди Натале 30пен, 90+3 – Кастро 59, Лоди 83)
Киево – Пескара 2:0
(Лусијано 75пен, Терау 77).