Македонската ракометна репрезентација одигра одлично против Швајцарија од првиот квалификациски дуел за пласман на ЕП во Данска 2014, „црвено-жолтите“ славеа со 30:24, а на полувремето беше 17:9.
Стојанче Стоилов со шест погодоци беше најпрецизен во нашиот национален тим, капитенот Лазаров постигна пет гола, додека Манасков и Миркуловски по четири пати се запишаа во листата на стрелци.
За одбележување е и извонредниот настап на голманот Митревски, кој што со 15 успешни интервенции одлично го надополни отсуството на Ристовски и Ангелов на голот на македонската репрезентација.
По денешниот триумф, „црвено-жолтите“ веќе во недела продолжуваат со настапи во овој квалификациски циклус, на гостински терен против селекцијата на Португалија.