Сончево со умерена облачност

Од:

Времето ќе биде сончево со мала до умерена облачност, долж Повардарјето ќе дува слаб до умерен северозападен ветер, додека во западните делови умерен западен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до четири, а дневната од 10 до 16 степени.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до минус еден, а дневната ќе искачи до 13 степени.

Ваквото време ќе се задржи и во наредните денови. Ќе преовладува стабилно и суво време со релативно високи измерени дневни температури коишто се очекува да бидат највисоки кон средината на неделата и да се движат помеѓу 12 и 18 степени.

Во четврток ќе има и услови за појава на утринска магла по одделни котлини.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски