ВМРО-ДПМНЕ: Лицемерно е Заев да зборува за економија и работа

Од:

ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираше на прес-конференцијата на Зоран Заев во кое се посочува дека тој е најмалку кредибилен да зборува за економија и за дела.

– Зоран Заев е човекот без ниту едно дело и проект зад себе. Заев е човекот кој ја приватизираше Струмица и направи тендерска мрежа со фамилијарните фирми и со компаниите на блиските пријатели. Заев е и човекот кој не може да си го изброи и сопственото богатство и богатството на кланот Заеви. Огромно е лицемерието кога ваков човек ќе зборува за плати и пензии и кога наместо за проекти зборува за деструкција, се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ.

Уште поголемо лицемерие, се додава во неа, е кога СДСМ поради теснопартиски интереси сака да ја блокира државата и сака пензионерите да ги остави без пензија, работниците без плата, социјално ранливите категории без социјална помош.

– Политиката на СДСМ наместо на фокусирање на проекти се сведува на ставање во неизвесност на егзистенцијата на 300 илјади пензионери чија судбина зависи од деструкцијата на СДСМ и дневниот интерес на раководството на СДСМ. Тоа е политика за создавање хаос и газење на државните интереси. Таа политика ќе биде казнета од граѓаните за 145 дена, се вели во партиската реакција.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски