ВМРО-ДПМНЕ: Луна паркот во Скопје целосно готов до 2018

Од:

Со изградбата на нов и модерен Луна парк се реализира проект кој ние го ветивме за време на Локалните избори во 2013 година. Со тоа уште еднаш се покажува разликата меѓу тие што ги исполнуваат дадените ветувања кон граѓаните и оние кои немаат реализирано ниту еден проект за подобрување на животот на граѓаните. Ова денеска го изјави Слободанка Алексовска, координатор на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје.

Новиот Луна парк ќе се простира на околу 24.000 метри квадратни, а неговата изградба и поставување нови реквизити ќе се одвива во период од три години, до 2018 година.

– Со ова ќе се изврши целосна промена на старите и дотраени реквизити, кои во најголем број не се заменети од последната реконструкција на Луна паркот во 1973 година, рече Алесовска.
Изградбата на новиот Луна парк вклучува влезна партија со билетара, продавница за сувенири, канцеларии за администрација, тоалети и гардероби за вработени. Во отворениот простор ќе бидат изградени и продавница за слатки, продавница за храна, јавни тоалети, ресторан, како и затворен мултинаменски објект во вид на школка. Целиот простор ќе биде партерно и хортикултурно уреден, со езеро, а ќе биде поставена и урбана опрема во согласност со темите кои ги прикажува забавниот парк.

Главниот забавен дел ќе се состои од набавка и монтажа на два адреналински реквизити, шест семејни и 18 детски реквизити. Вкупната проценета вредност за изградба на Луна паркот, набавка на реквизити и нивно монтирање изнесува 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Двојни аршини на СДС и Филипче, велат дека треба да се казнат оние кои сакаат да возат без возачки, а од друга страна гласаат против имплементација на „Безбеден град”

ВМРО-ДПМНЕ вечерва избира нов Извршен комитет и нов генерален секретар на партијата

Катерина Ѓуровски