СДСМ: Груевски е во уплав, средувањето на медумската сфера е незапирлив процес

Од:

„Никола Груевски и неговите медиумски курири се во уплав од незапирливиот процес којшто води кон средување на состојбите во медиумската сфера.

Груевски е во невидена паника бидејки средувањето на состојбите во медиумите, значи крај за неговите виртуелни инвестиции, виртуелни работни места, за коишто со години лаже.

Вистинска драма е и меѓу медиумските платеници кои се престрашени дека ќе ги изгубат милионите евра пари на граѓаните со коишто Груевски 10 години ги корумпира за да ги објавуваат неговите лаги.

Груевски и ВМРО-ДПМНЕ преку нивниот фашистички начин на владеење ја донесоа Македонија на ниво на Северна Кореја.

Затоа во Македонија директор на Агенцијата за медиуми е висок партиски функционер на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа во Македонија, јавниот сервис платен од граѓаните, МРТВ е партиски штаб на ВМРО-ДПМНЕ.

Затоа во Извештајот на Рајнхард Прибе е констатирано дека Македонија e жртвa на криза со медиумите, којашто последните години се влошува.

Токму европската експетрска група предводена од Рајнхард Прибе потврди директни наредби од високи владини функционери кон медиуми и уредници!

Она што не постои во Европа е земја како Македонија што од демократија, Груевски и ВМРО-ДПМНЕ ја претворија во хибриден режим.

Преговарачкиот процес става крај на самоволието на Груевски и неговите медиумски курири, на нивните навреди, клевети, говорот на омраза што го употребуваат, кршењето на човековите права.

СДСМ се бори и ќе ги врати слободата во општеството и слободата во медиумите.

Новинарите професионално и слободно ќе можат да работат, каква штo е нивната должност пред јавноста.

Слободата ќе ја почувствуваат и новинарите во медиумите под окупација на Груевски.

Враќањето на слободата во медиумите е процес што Груевски и ВМРО-ДПМНЕ не можат да го спречат“, се вели во соопштението на СДСМ.

Би можело да ве интересира

СДСМ: САД ја суспендираат обработката на визи од 75 земји, меѓу нив и Македонија

(ВИДЕО) Филипче: Сѐ што најавивме се оствари, дупка од две милијарди евра, анти-ЕУ кампања за изолација

(ВИДЕО) Филипче: Без спроведени реформи нема укинување на техничката влада

СДСМ: Владата ја призна буџетската дупка од милијарда евра

Сопственикот на фирмата со 51 тендер бил член на Избирачки одбор од ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Димитријевиќ: Кој оди на средба со Мицкоски легитимира криминал и изолација на земјата