(ВИДЕО) СДСМ Прилеп: Зошто градоначалникот Ристески е чест гостин во Австралија?

Од:

„Причините и шпекулациите за честите патувања на Градоначалникот Марјан Ристески, во најдалечниот континент, Австралија, остануваат неразјаснети.

Колку пари од буџетот на општина Прилеп, се потрошени на неговите посети на Австралија, не знае ниту општинскиот Совет, ниту прилепската јавност“, рече Миле Талевски –Член на Совет на општина Прилеп.

„До денес, градоначалникот Ристески нема поднесено никаков извештај за оправданоста, бенефитот и повратниот резултат за граѓаните и општина Прилеп од неговите прошетки во Австралија.

Ниту една, ама ниту една, директна австралиска инвестиција не е донесена во Прилеп во трите мандати на Марјан Ристески!

Очигледно, по примерот на премиерот во заминување, Никола Груевски, и Марјан Ристески се занимава со виртуелни инвестиции.

Дали последната посета на Ристески на Австралија имаше врска со поранешните бизниси на неговиот брат, Валентин Ристески, кој исто така беше дел од делегацијата и долго време работеше и живееше во Австралија?

Да потсетиме, во 2014 година, во периодот пред и за време кампања на последните претседателски и парламентарни избори, градоначалникот Ристески во неполн месец два пати отпатува во Австралија.

Ристески треба да одговори на што се должат неговите чести патувања во Австралија?

Дали се тоа приватно-роднински, партиско-предизборни, или службени посети на Австралија?

Колку тоа ги чини граѓаните на Прилеп“, изјави Миле Талевски.

Би можело да ве интересира

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не ја почитува ни светоста на верските празници

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Жалам што дел од партиите легитимираа корумпирана и изолирана власт на лидерска средба

Горан Наумовски

Мицкоски за неучеството на СДСМ на лидерската средба: На политичката сцена празен простор не останува, ако се повлечете некој ќе го запоседне

(ВИДЕО) Филипче: Ме обвинија за рекет за цела болница, дека сум убиец на 300 деца – сега ќе ги тужам

А1он

(ВИДЕО) Младеновска: Во Македонија има 100.000 невработени, а Владата ќе носи 10.000 странски „економски работници“

А1он

СДСМ: Владата на Мицоски ја отвори вратата за 10.000 странски работници