Ванхауте повикан на седницата на Анкетната за прислушувањето

Од:

Белгискиот експерт Питер Ванхауте се очекува денеска во Собранието да присуствува на продолжението на седицата на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето.

Претседателот на Комисијата Петре Шилегов од СДСМ вчера рече дека разговарал со Ванхауте и дека тој ќе дојде на седницата за да се произнесе во врска со одлучувањето односно гласањето на претседателот на Комисијата во случај на еднаков број гласови. Ова е едно од неколкуте суштински прашања за кои членовите на Анкетната комисија не можат да се договорат и да го донесат деловникот за работа.

Претставници на пратеничките групи во изминатите два дена се координираа за да го усогласат текстот на Предлог-деловникот, но тоа не се случи.

Суштински разлики меѓу пратениците од владејачкото мнозинство и опозицијата има и за членот 1 кој се однесува на тоа врз основа на кои законски акти ќе работи Комисијата, во врска со начинот и времетрањето на излагањето на сведоците и за тоа дали да има директен пренос на собранискиот канал на седници на Анкетната комисија.

Несогласувања на вчерашното продолжение на седницата имаше и во врска со начинот на одлучување за членовите на Предлог-деловникот.

Белгискиот експерт Ванхауте посредува во разговорите на четирите партии ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ДПА за излез од политичката криза во земјата.

Би можело да ве интересира

Обвинителството бара притвор за тројца уапсени бомбаши од Битола, четвртиот засега е во бегство

САД: Закана за бомба во седиштето на Демократската партија, истрагата е во тек

Договорена динамика за увид во документацијата за наводите за незаконско прислушување

Маж заработи пријава за тероризам откако излажа дека е подметната бомба во авион на Скопскиот аеродром

(ВИДЕО) Русите фрлија бомба од 500 килограми во Донецк, има мртви и ранети

Горан Наумовски

Нова тревога во Грац: Евакуирани градинка и училиште

Горан Наумовски