Пронајден пакет со сомнителен прав од страна на белгијските пожарникари и екипите за деконтаминација во џамија која се наоѓа во непосредна близина на Европската комисија во Брисел. Од пожарникарската служба стравуваат дека е можно да се работи за смртоносната супстанца Антракс.
Забележани се десетина возила на итните медицински служби, вклучувајќи ја и полицијата, пред Исламскиот културен центар на Белгија каде се наоѓа и најголемата џамија во Брисел и е на само 200 метри од Европската комисија.
Екипата за цивилна заштита спровела деконтаминација на неколку луѓе во џамијата каде што е пронајден сомнителниот пакет. Веднаш по пронаоѓањето на пакетот известени се надлежните органи, пренесуваат белгијските медиуми.
Капетанот на пожарникарската бригада, Ан Вибин изјави дека ќе биде потребно 6 часа за да се анализира пронајдениот прав кој според белгијските медиуми е пронајден во коверти.