Црното сценарио на „организацијата“

Од:

Текстот е мое лично размислување од моите познавања на светската историја и мои лични согледувања на денешницата. Можеби личи нереален, но јас вака гледам на работите.

Теоријата на потсвесно економско, политичко и воено влијание на свеста врз општата човечка популација се повеќе испливува на површина во светски рамики. Корените на ваквите тврдења во поново време допираат од почетокот на создавањето на Обединетите Нации, меѓутоа се повеќе станува јасно дека некој и пред тоа ги влечел конците на светско ниво, уште до создавањето на верските заедници, а можеби и порано. Сеуште не е до крај јасно кој стои на врвот на оваа организација, но со глобализацијата и напредокот на технологијата, се полесно е да се дојде до податоци. Мала група на олигарси, во светски размери, на добро осмислен начин ги користи сите можни умствени, научни, технолошки придобивки во светот за да ја достигне целта за глобална контрола на земјината топка искористувајќи ги сите човечки слабости. Верата како одговор на овие тенденции и како обид за враќање на човечките вредности се повеќе ја губи битката. Дури во некој делови на светот се користи во полза на основната цел на оваа организација, што влече корени од крстоносните војни наваму. Организацијата е толку моќна и разгранета, што како тумор навлегува во секоја пора  на животот на земјината топка, во секое општество без разлика на степенот на развој и уредување. Притоа сите пониски ешалони во пирамидата на оваа организација, воопшто не ни знаат дека се дел од еден глобален заговор, задоволувајќи ги своите апетити со контрола на популацијата на локално ниво. Создавањето на хаос во светски рамки е само видлива експресија на делувањето и остварувањето на крајната цел, која е тотална контрола на секоја единка во светски рамки и уништување на слободоумниот дух, уништување на секој оној кој мисли поинаку и е опасност за „ОРГАНИЗАЦИЈАТА“. Најцрните сценарија од научнофантастичните филмови полека испливуваат на површина. Постојат индиции дека конечната развршница е блиску. На прагот сме на воена разрешница на глобалната ситуација, повторно диригирана од  оние кои ги влечат конците. Сите глобални закани досега за избивање на судир од светски размери, се само дел од планот и  се детска играчка по однос на сегашната ситуација. И сето тоа пак не е случајно, бидејќи веќе со дел од технолошкиот напредок кој е достапен на целата популација, тешко е да се има целосна контрола, колку и да е моќна оваа организација. Моменталните приоритети се назадување на напредокот во светски рамки, и целосна контрола на она што ќе остане, бидејќи „ОРГАНИЗАЦИЈАТА“ ќе остане нечепната во претстојниот конфликт дури и по тотална нуклеарна војна. Секако се поставува прашањето: Дали има спас? Моето мислење е можеби, јас сум секогач оптимист, но дали ќе вреди не знам. Во секој случај Македонија иако мала, како дел од Европскиот континент, игра една од стратешките улоги во целиот план и како таква, не верувам дека ќе преживее, како ни поголем дел од Европа, бидејќи „ОРГАНИЗАЦИЈАТА“ нема да има полза од тоа.

Под претпоставка дека ова или дел од ова е точно изгледа дека сосема е неважно она што се случува на локално ниво, бидејќи крајот на овој или на оној начин е ист. Сепак сметам дека единствена „сламка на спасот“ е гласот на вистината, гласот на демократијата, враќањето на вистинските човечки вредности, конечно освестување и самопрепознавање на граѓаните и наоние кои ги водат.

Како и да е сегашната контрола врз популацијата на локално и глобално ниво не е гаранција дека наредните генерации на сегашните локални ешалони од „ОРГАНИЗАЦИЈАТА“ ќе ги задржат позициите во иднина, бидејќи и тие во еден погоден момент можат да станат потрошен материјал.

Prim.d-r TODOR V. NOSHPAL m-r sci
orthopedic surgeon

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска