Турција ја објави аудио снимката со предупредувањето упатено кон рускиот авион

Од:

Турција објави аудио снимка на која се слуша предупредувањето упатено до рускиот авион, кој беше урнат вчера на границата со Сирија. Турција тврди дека авионот го нарушил нивниот воздушен простор.

„Говори турската авиација. Се приближувате кон воздушниот простор на Турција. Променете го својот курс на движење моментално“.

Турската војска издаде соопштение во кое се наведува дека рускиот авион Сухој бил предупреден 10 пати на секои 30 секунди, пред да биде урнат од турските борбени авиони Ф-16.

Воениот врв на САД го поддржа тврдењето на Турција.

Двајцата руски пилоти успеале да се катапултираат пред да се урне авионот, но само еден од нив преживеа. Другиот пилот беше убиен од сириските бунтовници.

Би можело да ве интересира

Алаудинов: Ќе го уништиме НАТО до 2030 година

Додик отпатува за Русија

Полска е подготвена да распореди нуклеарно оружје на НАТО на своја територија

Загинаа двајца полицајци во напад во Русија

(ВИДЕО) Тројца загинати во голем пожар во фабрика во Русија

Горан Наумовски

Русите бесни поради одлуката на САД за нова помош за Украина: „Ова ќе заврши со понижување“

Орце Костов