Папата Франциско денеска со авион од Рим замина на повеќедневна посета на Африка, за време на која ќе посети три земји на континентот.
Авионот на „Алиталија“ со папата и неговата придружба утрово околу 8 часот полета од римскиот аеродром „Леонардо да Винчи“ за Кенија, пренесува Танјуг.
Папата исто така ќе ги посети Уганда и Централноафриканската република, а во Рим се враќа на 30 ноември.
Поглаварот на Католичката црква се именува себеси како „гласник на мирот“ за африканскиот континент, разорен од многубројните конфликти и напади на екстремистите, вклучувајќи ги се почестите напади на христијаните.