МЗТ Скопје Аеродром поразен на домашен терен од Задар

Од:

Македонскиот кошаркарски првак МЗТ Скопје Аеродром ја продолжи серијата порази во АБА лигата откако вечерва загуби на домашен терен од Задар со 72:60 (08:21; 27:07; 17:18 и 20:14). Ова за нашиот првак е вкупно седми пораз (четири има во серија) на досега одиграните 11 натпревари. За Задар ова беше петти триумф на последните шест натпревари.

Избраниците на тренерот Алеш Пипан добро го почнаа натпреварот и по 4:4 направија серија од 15:0 за водство од 19:4. Сепак добрата игра на „металците“ траеше само во првата четвртина и гостите од Задар вториот период го добија со 20 разлика и на полувремето имаа предност 35:28.

Во финишот на третиот период МЗТ Скопје поведе во неколку наварти, но сепак гостите имаа контрола над резултатот и натпреварот го завршија со двоцифрена разлика.

Кај МЗТ Скопје најефикасни беа Ѓорѓе Дреновац и Дамјан Стојановски со по 15 поени, а најпрецизен на дуелот беше Американецот Глен Коузи со 19 поени.

На вториот натпревар одигран денеска Цедевита победи на гостувањето кај Металац со 81:79. Вечерва од 21 часот се игра последниот дуел од 11.коло меѓу Сутјеска и Црвена Звезда.

Табела: Будуќност 9-2 (победи-порази), Цедевита 8-3, Мега Лекс 8-3, Црвена Звзезда 7-3, Задар 6-5, Крка 6-5, Игокеа 5-6, Олимпија 4-7, МЗТ Скопје 4-7, Цибона 4-7, Партизан 4-7, Тајфун 4-7, Металац 4-7, Сутјеска 3-7.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

„Адмирал“ партнер на македонскиот спорт

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

МЗТ Скопје Аеродром казнет со 300.000 денари, клупскиот директор со двегодишна суспензија

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Шампионот МЗТ Скопје гостува во Битола во дербито на воведното кошаркарско коло

Ана Ололовска