(ВИДЕО) СДСМ Штип: Од денес стартува втората фаза од проектот „Визијата за Македонија“

Од:

„Би сакал да ве информирам дека од денес стартува втората фаза од проектот „Визијата за Македонија“. По повеќебројните трибини, средби со граѓаните и округли маси, од денес се наоѓаме на директни средби со граѓаните.

Почнувајќи од денес, во наредните две недели на различни локации во градот, по повеќе часа во текот на денот, ќе биде поставен штанд, на којшто ќе бидат делени флаери со што граѓаните ќе имаат можност директно да се запознаат со суштината на петте столба на нашата платформа“, рече претседателот на ОО СДСМ Штип, д-р Владимир Милошев.

„Во истиот период, тимови на ОО СДСМ Штип ќе ги посетуваат граѓаните во своите домови со што ќе имаат директна можност со своите предлози да учествуваат во креирањето на изборната програма на СДСМ.

После овој период, по финализирањето на програмата, која што ќе биде усвоена на партиски Конгрес во текот на наредниот месец, на целата јавност ќе и ја презентираме нашата изборна програма“, изјави д-р Владимир Милошев.

Би можело да ве интересира

Колку ќе ги чини граѓаните Дејвид Гета и како е одлучено за фирмата организатор без тендер, прашува СДСМ

СДСМ: Премиерот и обвинителот си се договараат по телефон за предмети и тек на истрага

Обвинителството бара притвор за осомничен кој изврши полови дејствија врз малолетни девојчиња во Штип

СДСМ: Бугарофили на власт, тендер коалицијата ВМРО – ЗНАМ ја надмина и својата пропаганда

Притворен е раководител на образовен центар во Штип, допираше по телото ученички

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Кузеска: Вметнувањето на малцинствата во Уставот го зајакнува македонскиот национален идентитет