Временска прогноза

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, поинтензивни во западните и источните делови од земјата. На највисоките планини особено во западните делови ќе има услови за повремен снег. Преку денот ќе дува умерен до засилен ветер кој на моменти ќе достигнува брзина од 50 до 70 километри на час.

Утринската температура ќе се движи од седум до 12, а дневната од 12 до 17 степени.

Во Скопје слично време, променливо облачно со повремени врнежи од дожд и умерен претежно југоисточен ветер кој повремено ќе засилува. Кон крајот на денот врнежите ќе престанат. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 14 степени.

Во следниот период од понеделник до среда ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Утринската температура ќе биде над нула, а дневната ќе биде во постепено опаѓање.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски