СДСМ: Памфлети на ВМРО-ДПМНЕ со виртуелни проекти

Од:

Вчера 1.000 рударски семејства останаа без егзистенција. 626.312 граѓани ја напуштиле Македонија, пред се млади и образовани луѓе. Над 180 илјади граѓани живеат со по 40 евра на ден. Секоја трета фирма е со блокирана смета а над 10 илјади фирми во Македонија се затворени.

Никола Груевски сака да ги задолжи граѓаните со над 817 милиони евра за само еден месец, оставајќи им на иднинте генерации само нови и нови долгови.

Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ се последните коишто можат да зборуваат за подобрување на животот на граѓаните.

Памфлетите на ВМРО-ДПМНЕ се полни со виртулени проекти, виртуелни инвестиции, виртуелни вработувања.

Никола Груевски 10 години не инвестираше во патишта. Реалноста е дека за неговиот мандат целосно се завршени едвај 7 километри нов автопат. Сега, два месеца пред крајот на мандатот се сети дека треба да се инвестира во патиша.

Доцна е. Граѓаните не веруваат во лажните предизборни виртуелни проекти на Никола Груевски.

Обновата на патната инфраструктура, изградбата на современи, европски автопатишта во Македонија ќе ја направи владата на СДСМ по 24-ти април, велат од СДСМ.

Би можело да ве интересира

Зад рудникoт за антимон во Крива Паланка стојат донатори на ВМРО-ДПМНЕ, тврди СДСМ

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе закон: двојно државјанство да немаат ниту министрите во Владата и да важи веднаш

СДСМ: Груевски има унгарски и српски пасош

Филипче: Лажниот патриотизам заврши, власта ја враќаме назад кај граѓаните

А1он

Петровска: СДСМ не се само четири букви, многу повеќе од статистика и празни фрази

А1он

(ВИДЕО) Кузеска: Со празни фижидери најдобро знаат за бајките на Мицкоски за 3-та економија во Европа