ТХП: ВМРО–ДПМНЕ е против учебници на турски јазик

Од:

„Денес, пратеникот од Партиjaта за Движење на Турците во Македонија, Енес Ибрахим до Комисијата за образование, наука и спорт достави предлог за изменување на Законот за учебници за основно и средно образование. Со предложената законска измена ќе се овозможи квалитетен образовен процес на припадниците на националните заедници во Република Македонија. Користењето на учебници на мајчин јазик да не биде условен со број на испечатени примероци (тираж) туку да се печатат истите според потребите на образовниот процес.

Но предлогот не најде поддршка од членовите на ВМРО – ДПМНЕ, кои уште еднаш докажаа дека властта не само што нема стратегија и почит за помалку бројните етнички заедници, туку истите и ги дискриминира.

Според член 48 од Уставот на Република Македонија, припадниците на националностите имаат право слободно да ги изразуваат, негуваат и развиваат својот идентитет и националните особености. Републиката им ја гарантира заштитата на на етничкиот, културиниот и верскиот идентитет на националностите. Припадниците на националностите имаат право на настава на својот јазик во основното и средното образование на начин утврден со закон.

Потребата од донесување на овој закон е повеќе од оправдана. Имено, во Република Македонија дел од националните заедници не можат да го остварат ова свое уставно гарантирано право на образование на својот мајчин јазик поради непостоењето на можност да поседуваат книги на тој јазик.

Партијата за Движење на Турците во Македонија најостро ги критикува дискриминаторските политики на ВМРО – ДПМНЕ и воедно ја уверуваме јавноста дека и понатаму ќе ги искористиме сите законски инструменти за да овозможиме еднакви можности и права за сите државјани на Република Македонија“, се вели во соопштението на Партијата за Движење на Турците во Македонија – ТХП.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела