Утре договор за медиумите, МРТ е затворено прашање

Од:

Утре навршува рокот кој партиите си го поставија за договор со кој ќе се регулира медиумската сфера, а портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов, денеска изјави дека очекува договор да биде постигнат. И покрај тоа, како што рече тој, преговарачите од ВМРО-ДПМНЕ изминативе деновие го опструирале процесот и одложувале да поднесат своите предлози.

-Преговорите за медиуми течат како што течеа преговорите за сите други прашања претходно. Добивме ветување од ВМРО-ДПМНЕ дека утре ќе дадат свои предлози, иако тоа веќе требаше да го сторат. Веќе десетина дена нема никакви предлози од таму. Утре, сепак, ќе има договор за медиумите – изјави тој.

Партиите успеале да ги усогласат своите ставовие за јавниот сервис, но се уште нема договор за персоналните решенија. Се очекува на раководните позиции во МРТ да се постават луѓе на предлог на опозицијата.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска