Работна недела или на границите на невозможното

Од:

Разликата од деновите на потпишувањето на Нишката спогодба со овие денови е огромниот присутен „On the air“ ПР за лаги и манипулации на ВМРО-ДПМНЕ, неколку понаивни политичари, Груевски, а посебно Иванов и 100 години од Кумановска Битка.

Остајте го Кумановскиот договор, тој во Србија не е на дневен ред да се слави.

Мудро манипулираат од МПЦ со децава, обидувајќи се да излезат од ќорсокакот.

МПЦ го трча последниот круг во несекуларноста, посипуваќи се со пепел од Нишкиот договор, видно изменувајќи го пристапот за суштината да биде иста. Збунети маратонци во црно.

Заклучокот е следен, компарирањето на капацитетите на овој председател со капацитетите на Трајковски и Глигоров е смешно. Овој сегашен председател никогаш повеќе да не се случи.

И било европски, е мој дудуци, а каде беа на прославата кај Куманово и нашите Албанци, коалициони партнери во владата, нашите граѓани на Република Македонија. Вие лично неканејќи ги, ги поистоветивте или изедначивте со Албанците од Република Косово, на голем кејф на Белград.

По неприсуството, објаснувајте колку сакате дека било во европски дух на наивните и на верниците на ВМРО- ДПМНЕ. Беше во европските духови од пред Балканските војни.

Едноставно самото неприсуство на сите релевантни го протолкуваа за злонамерно и нешто кое допрва ќе се анализира и ќе носи сомнителни резултати. До тогаш ќе молчат и ќе ослушнуваат.

Многу скепса, а нема ништо со Европа. Тоа е старата Виљамовка, без да се увредите,  па нека е до ракијата.

Приоритет на ЕУ се релациите со соседите , членките на ЕУ и НАТО, не и на Србија.

Се чудам само кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ги обвинат СДСМ дека се Бугарофили, по толку рамногорци и хелинизација. И тоа чудо ќе го видиме и слушнеме бидете сигурни во тоа.

Ќе биде еден ден Европа кога на таа прослава Стоиљковиќ ќе ги донесе своите коалициони партнери од ДУИ, под рака и ќе ги престави на Николиќ.

Толку од бајките на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека СДСМ има чист став дека Белград беше главниот град на СФРЈ, ВМРО-ДПМНЕ  зборуваат за Белград од Кралството Србија. Резил.

Се одржа голем митинг. ВМРО-ДПМНЕ малку подзагрижени за рејтингот. Ептен со рејтингот се нервираат ако треба,  еве пола милијарда евра ке фрлат ама да не паѓа.

Изборите ниту почнале, немаат кандидати за локалните избори. На добитните места ќе се направат партал. Не било до парите, до патриотизмот ти било. Кај СДСМ било инаку.

Се прашувам еден ден ако бидат адекватно нападнати од СДСМ што ќе прават. Па ако пак бидат на два три фронта нападнати веројатно веднаш ќе отрчаат по странски инвеститори во најдалечниот крај на светот.

Ставревски веднаш остро одговори, избори во март се непотребни, а ќе се потребни кога сакал Премиерот. Супер е тоа, може да се разбере дека избори нема да има дури има ресурси да се задолжуваме со по 100.000.000 евра месечно да се покриваат платите на прекубројната партиска 50.000 администрција, вработувана од 2006 до денес и да се сервисира барокната агенда.

Ставревски треба да знае каде е лимитот и кога ќе завршат ресурсите за толкави задолжувања.

Знае добро дека се потребни 50.000 работни места вон администрација да може да ги покриеме овие 100 милони евра. Знае и дека тоа утре нема да се случи.

Значи дека Ставревски лично, без никој од владата, знае кога ќе бидат следните парламентарни избори. Тоа ни СДСМ го знае ,ниту Бранко, ниту Грујо.

Додуша ДУИ ете почнаа да произведуваат 15-16000 амадмани во прилог на буџетот и тендерите. И замислете не ги поканија на прослава во Куманово. Па не се кани секој на „свадби и весеље“.

Даме Чкатроски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска