„Насилната наплата на радиодифузна такса е дело на насилните политики на Груевски коишто оставија над 180.000 граѓани да живеат со по 40 денари на ден, затворија над 10.000 фирми, а секоја трета фирма, без најновите блокади за радиодифузна такса, е со блокирана сметка.
“Радиодифузна такса за секој член од семејството“ е новата идеја од Груевски за граѓаните.
За да собере арач Груевски и во ова предизборие тропа на вратите на граѓаните преку УЈП со нови тужби и извршители и блокира сметки.
Груевски и УЈП за ваквото извлекување пари од граѓаните злоупотребуваат лични податоци на цели семејства.
Малку им е една сметка за партискиот национален радиодифузен сервис МТВ, па испраќаат и по 4 на една иста адреса.
Годинава предизборно УЈП тргна во блокада на сметки на 27.000 фирми и граѓани!
Минатата година над 20.000 трансакциски сметки на граѓани беа блокирани, меѓу кои и на социјални случаи и на невработени граѓани.
За Груевски и УЈП осиромашените граѓани и фирми не може да и должат на МТВ, но МТВ може да и должи на државата, според последните податоци, неверојатни 1.700.000 евра“, се вели во соопштението на СДСМ.