Шефот на рударскиот синдикат на Монголија се самозапали во текот на прес конференцијата во знак на протест поради продажбата на рудникот за јаглен.
Неименуваниот синдикалец на конференцијата за новинари кажа дека владата повеќе не ја поддржува компанијата во која работат и дека рударите и нивните семејства се доведени во ситуација да гладуваат.
-Затоа сега ќе се запалам, во име на луѓето на Монголија и во име на нашите деца, рече тој и го запали огнот.
Во салата завладеа хаос, а многумина се обидоа да го угаснат огнот.
Овој рудар, претрпе сериозни повреди и се наоѓа во болница во критична состојба.