Долгоочекуваниот состанок меѓу челниците на Монпеље и ракометарите – актери во аферата „Обложувачница“ даде, за некого очекуван, за други пак неочекуван резултат.
Иако се претпоставуваше дека Никола Карабатиќ и другите учесници се блиску до раскин на договорот – тоа не се случи. На состанокот беа присутни претседателот на Монпелје, Реми Леви, спортскиот директор Бернард Еугстер и генералниот менаџер Патрис Канајер, како и споменатите ракометари.
Од состанокот произлезе ставот дека Никола Карабатиќ и Исам Теј заслужуваат да останат во клубот бидејќи ја убедија управата во својата невиност. За разлика од нив, против Лука Карабатиќ сепак ќе се покрене дисциплинска постапка и неговиот натамошен ангажман во Монпеље е неизвесен.