ИТ гиганти – кој има најсветла иднина?

Од:

Б92 – Белград

Иако во текот на годината американскиот СП 500 индекс порасна само за еден отсто, вредноста на акциите на „Гугл“, „Епл“ и „Фејсбук“ повторно се зголеми многу повеќе од просекот.

Меѓу наведените, цената на акциите на „Гугл“ порасна најмногу, дури за 40 отсто, а вкупната вредност на компанијата достигна 489 милијарди долари. Приходите и профитот на компанијата и натаму стабилно растат, па многу инвеститори очекуваат продолжување на растот на акциите и во идните години.

Вредноста на акциите на „Фејсбук“ порасна за 32 отсто од почетокот на годината. Вкупната вредност на компанијата сега изнесува 287 милијарди долари, иако меѓу големите инвеститори постои страв дека таа е преценета со оглед на моментните приходи на компанијата.

Акциите на „Епл“, иако по нешто помали стапки од претходно, и понатаму растат. Нивната вредност сега е за седум проценти над нивото на кое беше на почетокот на годината, а вкупната вредност на компанијата изнесува 666 милијарди долари, што значи дека „Епл“ моментно е најскапа компанија на светот.

Дали акциите ќе продолжат да растат?

Аналитичарите на „Адмирал Маркетс“ сметаат дека цените на сите наведени акции долгорочно ќе продолжат да растат, но во кус рок можни се промени или корекциите, кои често се случуваат врз основа на промени во вкупната економска или политичка состојба.

Од наведените акции, најсигурна инвестиција е купување на акции на „Епл“, бидејќи таа компанија има далеку поголем приход и најповолен однос на вредноста на акциите и остварениот профит. Имено, во последната година „Епл“ оствари приходи од дури 233 милијарди долари, што е многу повеќе од приходот на „Гугл“ од 71 милијарда долари и на „Фејсбук“ од 14,6 милијарди долари.

Кога е во прашање односот на цените на акциите и остварениот приход, „Епл“ исто така е во најдобра позиција. ПЕ односот на акциите на „Епл“ изнесува 12,96, додека за „Гугл“ и „Фејсбук“ – 30,08, односно 103,63.

Тоа значи дека вредноста на акциите на „Фејсбук“ моментно е дури 103 пати поголема од профитот што „Фејсбук“ го остварува годишно по акција, што е далеку над просекот на пазарот.

Во таква состојба инвеститорите очекуваат нагол раст на профитот на компанијата во идните години, кои ќе ја оправдаат сегашната цена на акциите, но прашање е дали „Фејсбук“ ќе успее да ги исполни големите очекувања кои ги имаат инвеститорите.

Од перспектива на рационален инвеститор пологично е да се инвестира во акции во „Епл“, компанија која со своите огромни приходи веќе ги исполнува очекувањата на инвеститорите, па поради тоа инвестициите во тие акции се помалку ризични од инвестирање во акциите на „Фејсбук“.

Би можело да ве интересира

Севернокорејските војници распоредени во Русија станаа зависни од интернет

Горан Наумовски

Македонија има најбрз интернет во регионот

ЦУК: Куче паднало во шахта и ги изгризало оптичките кабли, без интернет биле „Филип Втори“ и Поликлиника „Букурешт“

А1он

(ВИДЕО) Дел од профилите кои регрутираат граѓани за големата интернет измама за пари веќе не се активни, струмичката СмартКлик пријавила злоупотреба на името

Александар Тодески

(ВИДЕО) Масовна измама на интернет во Македонија, се нуди брза заработка

Александар Тодески

Ковачевски: Во Северна Македонија 83 отсто од домаќинставата имаат пристап до широкопојасен интернет

Горан Наумовски