Цариниците на Саудиска Арабија фатија криумчари со 48.000 конзерви пиво „Хајнекен“, маскирани во „Пепси“.
Цариниците на преминот Ел Бата на границата со Соединетите Арапски Емирати, го запреле камионотт, во кој, на прв поглед се наоѓал стандарден товар на конзерви „пепси кола“.
Со стандарден преглед утврдено е дека под сината фолија се крие „хајнекен“ пиво, соопшти службеникот Абдулрахам ел Махна за Ел Арабија.
Во Саудијска Арабија алкохолот е строго забранет.
Според зборовите на цариникот, криумчарите се служат со софистицирани методи да ја „провлечат“ нивната нелегална стока преку граница.