Иако денес многу луѓе користат брз интернет, тој може да запира поради некои пречки дома.
Пречките од монитори за бебе, безжични телефони и електрични сијалици, се меѓу главните виновници за забавена брзина на интернетот, покажаа најновите истражувања.
Луѓето се предупредуваат дека модемите треба да ги чуваат што подалеку од електрични апарати, како што се телефони и монитори за бебиња, кои исто така произведуваат безжични сигнали.
Само во Велика Британија се проценува дека во петтина домови брзината на интернетот не е колку што треба да биде поради местото на кое луѓето го ставиле модемот, а не поради интернет врската или поради тоа што операторите или соседите ви крадат интернет, пишува Индепендент.
За да се зголеми брзината на интернетот можете да пробате една од овие работи:
1. Чувајте го модемот подалеку од какви било уреди кои емитуваат безжичен сигнал.
2. Поставете го уредот директно во главниот приклучок, а не со продолжен кабел (посебно не во кабел во кој сте вклучиле телефон или ТВ, или пак правосмукалка).
3. Поставете го модемот на полица, а не на под.