Сончево, со мала локална облачност

Од:

Времето  во Македонија ќе биде претежно сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец. По одделни котлини со услови за слаба утринска магла.

Температурата ќе се движи од 17 до 25 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб ветер од северен правец.

Температурата ќе достигне до 22 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време. Малку поизразен ветер ќе има во текот на денешниот ден особено вдолж Повардарието. Наутро понекаде во котлините ќе има малку намалена видливост.

Утринските температури од петок полека ќе опаѓаат, а позначително ќе се спуштат од недела наутро.

Од сабота и дневните температури малку ќе опаднат, но и понатаму ќе се задржи топло време за овој дел од годината.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски