(ВИДЕО) Попетревски: На приватните телевизии им треба закон за да работат професионално

Од:

ЕУ сака да се амнестира од соучеството во ова што се случува во Македонија, смета новинарот Васко Попетревски, објаснувајќи какви реформи треба да се направат во медиумската сфера до април 2016 година. Тој на денешната дебата за извештајот на Европската комисија за Македонија, во организација на Фондацијата Отворено општество – Македонија и Македонскиот центар за европско образование, оцени дека запирањето на владините реклмаи во медиумите досега не промени многу, парите се префрлаат на други начини.

– Со реформи во јавниот сервис на краток рок, ништо не може да се добие, јавниот сервис е на маргините со три – четири отсто гледаност. Така што не разбирам како може фокусот да биде на јавниот сервис. Реформите можат да дадат резултат на долг рок. Според мене фокусот мора да биде на комерцијалните медиуми, на телевизиите. Да се види дали може да се реформира, а мислам дека мора да се реформира Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, рече Попетревски.

Тој смета дека саморегулацијата кај македонските медиуми не фунционира и дека комерцијалните телевизии треба да се стават во законска рамка.

– Слободно изразена изборна волја значи коректно информиран гласач, кој е информиран на критички начин, не на критизерски начин, за тоа што се случува во општеството. Јас се плашам дека овој процес, бидејќи досега немаме никави резултати, дека пржинскиот процес нас не не води кон фер и демократски избори, додаде Попетревски.

Би можело да ве интересира

Ковачевски: Анкетите на МТВ нè потсетуваат како изгледаа медиумите до 2016 година

Македонија нема да има претставник на Евросонг во Малме

A1on

Почина Слободан Трајковски, долгогодишен новинар и поранешен директор на МТВ

Ландов

Граѓаните на пешачки маратон во МРТ, лифтовите на поправка

Ана Ололовска

Мирис на мртви мачки и расипани тоалети, МРТВ како Чернобил

Наум Локоски

ВИДЕО: Поплава во МТВ

Ана Ололовска