Шефицата на Мисијата на ОБСЕ, Суомалаинен се сретна со обвинителката Јанева

Од:

Шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Нина Суомалаинен на денешната средба со специјалната јавна обвинителка Катица Јанева и понудила поддршка и соработка, се наведува во соопштението од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
Суомалаинен и Јанева разговарале за новата улога на обвинителката и претстојните предизвици.

Суомалаинен и честитала на Јанева за формирањето на нејзиниот тим од вкупно дванаесет обвинители, истакнувајќи дека Канцеларијата на Обвинителката мора да продолжи да биде независна и слободна од секаков вид притисоци, за да постигне резултати кои ќе бидат фер и објективни.
– Важно е дека обвинителката има тесна соработка со институциите. Нашата мисија е тука да помогне, рекла шефицата на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Суомалаинен во оваа пригода го поздравила договорот постигнат на средбата на лидерите на политичките партии на 5-6 ноември 2015, за натамошно спроведување на Договорот од Пржино.

– Правилното спроведување на Договорот од Пржино и почитувањето на законите, вклучувајќи ги оние кои беа усвоени вчера во Собранието, ќе овозможат еднакви услови на претстојните избори, посочила Суомалаинен.

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он