За 24 часа издадени потврди за азил на 5.337 странски државјани

Од:

Во текот на вчерашниот ден МВР издало потврди за искажана намера за поднесување барање за признавање на право на азил на вкупно 5.337 странски државјани. Најбројни се државјаните на Сирија. Од јуни лани до ноќеска на полноќ се издадени 230.248 потврди за признавање на право на азил.

Од нив 2.588 се од машки пол, 908 женски, 1.523 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 318 деца кои патуваат без родител. Најбројни се државјаните на Сирија – 3.196, Авганистан – 763, Ирак – 779, додека другите се во помал број.

Во периодот од 19 јуни до ноќеска на полноќ издадени се потврди на вкупно 230.248 странски државјани, од кои, 137.735 се од машки пол, 34.296 се од женски, 46.506 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11.711 деца кои патуваат без родител.

Според државјанството на лицата најбројни се оние од Сирија-146.121, Авганистан-48.716, Ирак-17.969, Пакистан-4.822, Иран-4.522, Палестина-1.918, Сомалија-1.181, Бангладеж-1.054, Мароко-572, Конго-509, Алжир-329, Либан-335, Нигерија-273, додека останатите се во помал број.

Во текот на вчерашниот ден не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Досега до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда, при што 51 барања се од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил вчера се евидентирани вкупно тројца баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита тројца баратели на азил (малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.

Мобилни тимови на Црвен крст на Табановце во изминатите 24 часа укажале прва помош на 394 лица, дистрибуирана е 525 литри вода, 17 пакети со храна, 12 со хигиенски средства, четири пакувања бисквити 16 пелени, 28 ќебиња и 23 креми за бебе.

Во Гевгелија е укажана прва помош на 830 лица, дистрибуирани се 1152 литри вода, 108 пакети со храна, 30 пакувања бисквити, 155 ќебиња, 60 пара чорапи, а транспортирани се три лица.

Би можело да ве интересира

Полска привремено ќе го суспендира правото на азил

A1on

ЕУ постигна договор за промена на системот за азил

Русинката која беше уапсена во Албанија поради шпионажа поднесе барање за азил

Зголемен бројот на баратели на азил во Холандија

А1он

Рекорден број поднесени барања за азил во Германија

ЕУ очекува раст на бројот баратели на азил во државите на Унијата

Ана Ололовска