Времето утре – сончево со мала облачност

Од:

Времето утре во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а поголемо наоблачување ќе има во североисточниот дел од земјава. Ќе дува умерен долж Повардарјето и на повисоките места засилен ветер од северозападен правец што ќе овозможи извесно прочистување на атмосферата.

Утринската температура ќе се движи од нула до девет, а дневната од 15 до 22 степена.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец.

Утринската температура ќе се спушти до три, а дневната ќе искачи до 18 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и суво време. Под влијание на малку потопла воздушна маса од југ дневната температура ќе биде во благ пораст, меѓутоа од сабота повторно ќе опаѓа.

Би можело да ве интересира

Студено утро, преку ден сончево со температура до 23 степени

А1он

Почнува летното сметање на времето

Утре и в недела на планинските превои возете внимателно, со зимска опрема и доволно гориво, апелира ЦУК

А1он

Максимална температура денеска до 9 степени, утрово најстудено во Маврово и Берово

А1он

Времето денеска облачно и дождливо, се очекува снег на планините

А1он

Денес и во деновите од викендов дожд и грмежи, потопло од понеделник

Горан Наумовски