Јавните обвинителите кои ќе бидат дел од специјалното јавно обвинителство со кое ќе управува Катица Јанева, денеска ја положија својата заклетва пред Советот за јавни обвинители и се заколнаа дека ќе работат совесно, непристрасно и одговорно.
„Изјавувам и се колнам дека во вршењето на функцијата јавен обвинител ќе го почитувам Уставот на Република Македонија, законите и меѓународните договори, ратификувани во согласност со Уставот, дека функцијата ќе ја вршатм совесно, непристрасно и одговорно и дека ќе ги заштитувам слободите и правата на човекот и граѓанинот и интересите на други правни субјекти“, изјавија обвинителите во еден глас.
Во тимот на Јанева ќе бидат следните јавни обвинители: Бурим Рустени, Елизабета Јосифовска, Лејла Кадриу, Љубомир Лапе, Марија Ѓорѓева, Стевчо Донев, Фатиме Фетаи, Лиле Стефанова, Гаврил Бубевски, Ленче Ристевска, Трајче Пеливанов и Артан Ајро.
Маја Васева