ВИДЕО: Јанева го доби тимот на обвинители, од понеделник почнува со истрагите

Од:

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева конечно го доби својот тим од дванаесет обвинетили кои беа изгласани вчера од надлежниот Совет, а кои денеска положија заклетва. Двајца од предложените четиринаесет обвинители отпаднале од листата, како што рече Јанева, по разговори и консултации со членови на Советот. Државниот јавен обвинител, Марко Зврлевски, денеска не присуствуваше на положувањето на заклетвите.

-Тимот е спој на искуство и младост, сите се доволно авторитетни, професионални и кредибилни личности кои знам дека можат да одговорат на предизвикот. Изминатиот период разговаравме со членови од Советот како да изгледа тимот и се одлучивме заедно со тимот за 12 обвинители кои се денес избрани. Одлучивме сите заедно да отпаднат двајца кандидати. Од понеделник почнуваме да работиме активно согласно законот. Не знаеме колкав е бројот на предметите, но од понеделник ќе почнеме да се обраќаме на институциите согласно законот – изјави Јанева.

Таа не сакаше да открива ништо подетално за работата на специјалното јавно обвинителство, но рече дека има наплив на странки, кои не се поврзани со предметите што треба да ги преземе од државните органи.

-Мојот кабинет е веќе подготвен да ја преземе работата, а обвинителите сами ќе си ги бираат тимовите со кои ќе работат, предвидено е секој обвинител да добие двајца истражители и двајца стручни соработници. Не очекувам опструкции при преземањето на предметите – додаде таа.

За барањето на некои лица да бидат заштитни сведоци таа рече дека е се уште во процедура и не сакаше да открие ништо повеќе. Јанева не се откажува од двајцата обвинители кои ги побара, но кои Советот не ги изгласа и рече дека ќе инсистира на нив доколку се зголеми обемот на работа во Специјалното јавно обвинителство.

Одби да ја коментира и одлуката на Основниот суд Скопје 1 да ги отфрли прислушуваните разговори како докази по жалбата на обвинителите од скопското јавно обвинителство.

На најавите дека Законот за специјално јавно обвинителство ќе биде оспорен пред Уставниот суд, Јанева рече дека овој суд мора да ги почитува законите и да донесе законска одлука.

Маја Васева

Би можело да ве интересира

Катица Јанева против Боки 13, денеска во Кривичен

Ана Ололовска

Јанева: Наредната седмица нови обвинителни акти на СЈО

Ана Ололовска

ВМРО-ДПМНЕ: Катица Јанева е избрана за Специјален јавен обвинител да работи непристрасно и професионално

Наум Локоски

Јанева: Ги охрабруваме граѓаните да соработуваат со нас

Наум Локоски

СЈО откри 66 909 избиршани фајлови, Заев бил незаконски прислушуван

Предраг Петровиќ

Одложена седницата на која требаше да се разговара за однесувањето на Јанева и Фетаи

А1он